Хан: ЕК ќе препорача почеток на преговорите со Македонија

by Фокус

Европската комисија ќе препорача почеток на пристапните преговори со Македонија и со Албанија, поддржувајќи проширување на Унијата кон Западен Балкан, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во интервју за германскиот весник Ди Велт.

-Европската комисија наскоро ќе препорача најверојатно до крајот на летото земјите членки да започнат пристапни преговори со Албанија и со Поранешна југословенска Република Македонија. Веруваме дека двете земји изминатиот период направија значајни реформи и затоа се квалификувани за овој чекор – вели Хан.

 

Поврзани новости