Актуелната политичка ситуација во Македонија не може да ја одведе државата до преговори за членство во Европската унија и затоа мора под итно да се надмине преку конструткивен дијалог меѓу политичките актери, порачал еврокомесарот за соседска политика и за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, кој оддржа серија средби до претставниците на политичкиот врв.
„Политички актери да влезат во конструктивен политички дијалог во Парламентот и да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и нејзините граѓани. Сите лидери мораат да соработуваат со добра волја за да се надмине сегашната блокада која не е добра за реформските напори на земјата. Правната држава, фундаменталните права и слободата на медиумите се во срцето на европскиот процес на преговори за членство и околу тоа не може да се преговара“, им рекол Хан на своите соговорници.