Хамас продолжи да лансира ракети, Израел трупа армија на границата со Газа

by fokus

Хамас продолжи да лансира ракети на територијата на Израел, додека израелската војска возвраќа со воздушни напади на Газа и мобилизираше уште 9.000 воени резервисти, подготвувајќи се за можна копнена офанзива.

Бројот на загинати во Газа порасна на 87, од кои 18 деца, додека во Израел се убиени седум лица.

Сепак, и покрај повиците за смирување на ситуацијата, Хамас и Израел се решени да продолжат со борбите.

-Одлуката да ги бомбардираме Тел Авив, Ерусалим и Димона за нас е лесна како пиење вода – изјави портпарол на военото крило на Хамас.

Во меѓувреме, Израел трупа војска на границата со Газа.

-Нашите сили се подготвуваат за опцијата за копнен маневар. Тенковите, артилеријата и воениот персонал се спремни за мобилизација во секој момент – изјави генералот Хидаи Зилберман.

Истовремено, израелските градови се погодени од улични нереди и судири помеѓу еврејското и арапското население.

Поврзани новости