Експериментална свадба со 120 гости во Загреб, ако нема пренос на вирусот ќе омекнат мерките

by fokus

Во Загреб вечерва ќе се одржи симулација на работен прием на вакцинирани лица и со тоа ќе се истражува можноста за ширењето на коронавирусот.

Притоа, за викендот е најавена експериментална свадба преку која треба да се направат слични анализи.

Како што информираше потпретседателот на хрватската Влада и министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, преку овие два настани ќе се обидат да дознаат дали е возможно да се олабават рестриктивните мерки.

-Со оглед на тоа дека бројот на новозаразени паѓа, Националниот кризен штаб ќе се обиде преку овие два настани да се подготвиме за намалување на епидемиолошките мерки. Доколку добиеме добри резултати од овие два настани, од 1 јуни е возможно олабавување на рестриктивните мерки – рече тој.

Според него, на експерименталниот работен состанок ќе присуствуваат околу 70 целосно вакцинирани лица, а на свадбата што ќе се одржи викендов ќе има 120 гости, кои или се вакцинирани со две дози или ја прележале болеста во последните 180 дена.

Поврзани новости