Палестинското милитантно движење Хамас објави соопштение дека го прифатило египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот. Во соопштение движењето наведува дека нивниот врховен лидер Исмаил Ханија ја пренел веста во телефонски разговор со катарскиот премиер и шефот на египетската разузнавачка служба.
Катар и Египет посредуваат во повеќемесечните разговори меѓу Израел и Хамас. Сè уште нема коментари од Израел.
Израел вели дека Хамас прифатил „помека“ верзија на договорот за прекин на огнот предложен од Египет, што е „неприфатливо“ за израелските носители на одлуки, според извештаите, пишува „Скај њуз“.
Се наведува дека израелските власти тврдат дека најавата на Хамас се чини дека е измама со цел да се прикаже Израел како страна која не е подготвена да го прифати договорот.
Израел претходно денеска најави офанзива врз Рафа, најјужниот град Газа. Повеќе од милион жители се засолниле во градот поради судирите во другите делови на Појасот Газа.