Во лингвистичката наука е познато дека бугарскиот и македонскиот јазик припаѓаат на славистиката, како впрочем и другите словенски јазици, но, судејќи според тезата на граматична, фонетична, правописна блискост, слободно може да се извлече една претпоставка дека бугарскиот јазик има поголеми сличности со некој дијалект на рускиот јазик, отколку со македонскиот, пишува поранешниот македонски амбасадор Мухамед Халили во последниот број на неделникот Фокус.
„Сметам дека во никој случај јазичната блискост не смее да биде аргумент против самоопределувањето на народите. Така, на пример, од „заедничкиот“ хрватско-српски, или српско-хрватски јазик на федерацијата денеска постојат хрватскиот, српскиот, бошњачкиот, црногорскиот јазик, а Хрватска не ги блокира Србија и Црна Гора на нивниот пат кон ЕУ. Во случајот на чешкиот и словачкиот јазик се поставува прашањето кој кого требаше да го блокира во евроинтегративниот пат?“, пишува Халили.
Целата негова анализа насловена „Уште еднаш за анахрониот историски театар“ прочитајте ја во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.