Хакирани Фејсбук страниците на Каевски и Богоев: Презедовме мерки, се уште не знаеме кој стои зад нападот

by fokus

Попладнево директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев објавија дека нивните официјални Фејсбук фан страници се хакирани.

Каевски во изјава за „Фокус“ вели дека се уште не знаат кој стои зад нападот, но дека пријавиле до надлежните институции и до Фејсбук.

-Пред неколку часа мојата Facebook страна беше хакирана. Причините и лицата кои стојат зад овој напад се уште не ги знаеме, но веќе ги презедовме сите мерки кои се во наши раце, пријавивме до надлежните институции и до Facebook и во најбрз можен рок ќе ја вратиме официјалната Facebook страна и сите граѓани ќе можат да продолжат да ги следат нашите активности за време на предизборната кампања. Ова се сите информации со кои до сега располагаме. Веднаш по новите сознанија, ќе Ве информираме, изјави Каевски.

К.С.

Поврзани новости