Хаким Џефрис – прв Афроамериканец на чело на демократите во Конгресот

by Фокус

Демократите во Претставничкиот дом на САД за свој лидер едногласно го избраа конгресменот Хаким Џефрис, првиот Афроамериканец кој предводи една од двете големи партии во Конгресот.

Одлуката на демократите го означува и подемот на помладата генерација лидери во Претставничкиот дом од 435 членови и крајот на ерата на Ненси Пелоси (82), која стана првата жена што го предводи Домот во 2007 година.

-Подемот на Хаким Џефрис на челната позиција на демократите во Претставничкиот дом е пресвртница во историјата на САД – изјави лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер непосредно пред објавувањето на резултатите.

Кога официјално ја објави својата кандидатура на 18 ноември, по десет години минати во Претставничкиот дом, Џефрис вети дека на помладите членови на парламентот ќе им се даде повеќе простор во обликувањето на законите.

-Можностите за значајно креирање политики и јавен ангажман треба да бидат праведно распределени без оглед на годините на службата – напиша Џефрис до колегите.

Поврзани новости