Хакери со години успешно вршат упади во комуникациската мрежа на Европската унија и пресретнуваат илјадници дипломатски пораки, тврди „Њујорк Тајмс“.
Според весникот, хакерите, меѓу останатото, дошле и до пораки во кои се искажува загриженоста на европските лидери поради непредвидливоста на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и се говори за напорите за постигнување договори на ЕУ со Русија и Кина и за ризиците од преиспитувањето на нуклеарниот договор со Иран.
„Њујорк Тајмс“ наведува дека фирмата за кибер безбедност „Ареа 1“ му доставила листа на повеќе од 1.100 дипломатски пораки до кои имале пристап хакерите.
Според весникот, техниката која ја користеле хакерите при упадот во мрежата на ЕУ, наликува на онаа што со години ја користи кинеската армија.