34 годишниот Али Бектеши е полицаецот кој утринава беше прегазен од воз во Маџари

by fokus

Само 34 години имал Али Бектеши, полицискиот службеник, кој почина на лице место утринава откако автомобилот во кој се наоѓал беше прегазен од товарен воз. Тој бил вработен во полициската станица во Гази Баба, а возилото „Фолксваген венто“ кое беше удрено од возот било во сопственост на МВР.

Несреќата се случила во раните утрински часови, околу 05,50 часот на патниот премин преку железничка пруга „Маџари“.

Товарниот воз кој удрил во службеното возило, сообраќал на релација од Табановце кон Скопје.

Од полцијата велат дека увидот се уште трае и дека допрва ќе се утврдуваат причините за несреќата. Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје кој е на терен.

Во меѓувреме пријатели и познаници изразуваат сочувство до семејството на Али Бектеши преку социјалните мрежи.

Поврзани новости