867
Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини денеска во Студио 10 на ТВ24 изјави дека моќта на потпретседателот на Владата, Артан Груби му ја дал премиерот Зоран Заев.
„Тој поседува „бомби“ за сите функционери на ДУИ. И првиот човек на ДУИ, Ахмети има „бомби“. Таква „бомба“ разнесе двајца политичари откако му кажаа на говорница на Груби дека е хулиган“, истакна Хајредини.
Некогашниот шеф на финансии тврди дека „бомбите“ се за работи кои се случувале во 2008 и 2009 година.