Хајредини: Нема потреба од никаква средба во Тирана

by fokus

Откако денеска дел од албанските партии во земјава потврдија дека ќе одат на средбата во Тирана која, како што објавија медиумите, ја организира албанскиот премиер Еди Рама, со реакција излезе поранешниот министер Џевдет Хајредини.

Според него, прозадпадната ориентација на сите Албанци во Македонија е јасна и затоа нема потреба од одржување средби во Тирана.

-Прозападната ориентација е на сите Албанци на Македонија, без исклучок. За оваа цел, нема потреба од било каква средба во Тирана. ЕУ и САД постојано од двете држави бараат од политичката сцена да ги оддалечат корумпираните политичари, а не да се сликаат со Еди Рама во Тирана, смета Хајредини.

Агенцијата „Журнал“ јави дека Рама ги поканил лидерите на политичките партии на Албанците од земјава на неформална средба во вторник. Поканети се лидерот на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, на  Движењето Беса, Билал Касами, на Алтернатива, Африм Гаши и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Поврзани новости