Германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл кој денеска пристигнува во Скопје., во текот на утрешниот ден се очекува да се сретне со потписниците на Договорот од Пржино, како и со претставници на меѓународната заедница.
Предвидени се и разговори со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, премиерот Емил Димитриев, министерот за надворешни работи Никола Попоски и специјалната обвинителка Катица Јанева.
Според најавата од германската амбасада во Скопје, Хајндл утре би требало да даде и изјава за медиумите.
За неколку дена е најавена и посетата на американската дипломатка Викторија Нуланд по што се очекува засилен притисок за излез од политичката криза.
Опозициската СДСМ очекува зголемување на притисокот врз ВМРО-ДПМНЕ за решавање на политичката криза. И од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат посетата на странските дипломати да придонесе за надминување на политичката криза.