Хајндл: Нема логика да се оди на избори, ако нема услови за фер натпревар

by fokus

Германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл во емисијата „360 степени” на Алсат ТВ, порача парламентарните избори да се одржат пред 2018-та година.

Хајндл потенцира дека пред да се одреди датумот на избори, мора да се спроведат реформите за обезбедување терен за фер и демократски политички натпревар.

-Нема логика да се организираат избори во Македонија без да се исполнат условите за тоа” – порача Хајндл.

Според него поважно од датумот на изборите е постигнување консензус во наредните неколку седмици, пред летните одмори, за двете клучни прашања, односно, избирачкиот список и медиумите.

-Мојот впечаток по разговорите е дека барем за Избирачкиот список би било можно скорешно решение. Во однос на медиумите се уште се водат разговори, но тоа е комплексна тема, но се надевам дека партиите ќе дојдат до решение пред летните одмори. Ако партиите самите не постигнат решение тогаш би можеле да се повикате на совет и експертиза на меѓународни експерти” –  вели Хајндл во интервјуто на Алсат ТВ.

Поврзани новости