Ребаланс на буџетот: Инвестициите намалени, задолжувањата растат

by fokus

Со ребалансот на буџетот за 2016-та години, власта ќе ги скрати капиталните инвестиции за 45 милиони евра. Трошоците за платите на администрацијата и пензиите остануваат исти,  но затоа задолжувањето на странските пазари ќе се зголеми за повеќе од 180 милиони евра.

Со новото прекројување на државната каса, дефицитот на буџетот е зголемен за 36 милиони евра, а економскиот раст на државата од 4 отсто е намален на 2,3 отсто.

Миниситерот за финасии Кирил Миновски вели дека буџетот е прекроен под притисок на политичката криза и намалените приходи во првите 5 месеци од годината.

На денешната прва комисиска расправа за корекција на буџетот, ДУИ и ДПА се контрираа, СДСМ од конференциската сала во собрането критикуваше, а пратениците од владеачкото мнозинство го бранеа ребалансот.

За СДСМ ребалансот е коцкарски, а минусот во државната каса е втор по ред најголем што го имала земјава.

Пратениците на ДПА ребалансот го нарекоа антиалбански, бидејќи со него се крателе пари само од проектите најавени или започнати во места со доминантно албанско население.

Од владејачката ДУИ ги отфрлија обвинувањата и велат дека поради најавените, па одложени избори новите места што треба да се отворат се замрзнати.

Инаку, комисиската расправа за ребалансот треба да трае 10 работни дена. Досега ДПА поднесе 323 амандмани, а два ВМРО-ДПМНЕ .

Поврзани новости