554
Босанскиот актер Емир Хаџихафизбеговиќ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека според она што тој го знае за храватскиот продуцент Винко Грубишиќ, македонската јавност не треба да очекува дека серијата „Македонија“ ќе се реализира.
-Грубишиќ има матно бизнис минато. Мислам дека не треба да очекувате дека серијата ќе биде снимена, и покрај тоа што се дадени парите, рече босанскиот актер.
Потоа тој зборуваше и за тоа дека Грубишиќ ја уништил и хрватската кинематрографија и продукција со тоа што ги тргнал луѓето кои добро ја воделе.