Владите на Македонија и Бугарија овој четврток на заедничка седница во Струмица

by fokus 09:54
09:54

Владите на Република Македонија и Бугарија на првата заедничка седница започнуваат со работа на конкретни проекти за соработка, велат од владината прес служба.

На седницата која ќе се одржи на 23 – ти ноември во Струмица, двата кабинета ќе ги разгледаат можностите за активирање на односите меѓу министерствата за надворешни работи, интеракцијата и меѓусебната помош при катастрофи, поддршка во обуката и подготовка на војниците од вооружените сили на Република Македонија, соработката во областа на телекомуникациите, инвестициите и енергетиката. Врз основа на постигнатите спогодби и во согласност со Договорот за пријателство, соработка и добрососедство ќе бидат потпишани билатерални документи. Напредокот во добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Македонија ќе биде одбележан со усвојување на заедничка декларација.

- Advertisements -

Одржувањето на заедничката седница беше договорено за време на официјалната посета на премиерот Бојко Борисов во Скопје во почетокот на август оваа година, кога беше склучен Договорот за пријателство, соработка и добрососедство меѓу двете држави

Поврзани новости