Секој има желба Македонија да настапи на едно големо Светско првенство, но реалноста е сосема друга и треба да погледнеме што се случува околу нашите соседни држави.
Ова го истакна македонскиот тренер Ѓоко Хаџиевски во гостувањето во МРТ, по завршетокот на Мундијалот каде светски првак е Аргентина.
„Нема кој не сака Македонија да оди на СП, ние добро знаеме како народот уживаше на тие натпревари на минатогодишното Европско првенство. Желбата е желба, но што ние правиме во фудбалот? Сакаме многу , но погледнете околу нас какви услови имаат соседните држави. И не одат на завршница, со поголеми вложувања од Македонија. Треба да се запрашаме дали имаме прогрес во македонскиот фудбал? Најважно е дека треба да се вложува во младите селекции на Македонија“, истакна Хаџиевски.