476
Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, во изјава за 24 Вести вели дека секое задолжување кое делумно е наменето за финансисрање на буџетскиот дефицит го зголемува јавниот долг.
-Одлуката за издавање еврообврзница е на Владата. НБРМ е независна институција и нема надлежност врз задолжувањето на владата, ниту располага со детални фискални информации, вели Богов во писмениот одговор.
Тој додава дека Гувернерот уште од 2012 година во континуитет укажува дека е неопходна фискална консолидација која би го свела буџетскиот дефицит на ниво кое ќе го стабилизира јавниот долг, односно нема да го зголемува јавниот долг како процент од БДП.