Заев: Банките да го спречат задолжувањето и да не ја купуваат еврообврзницата

by fokus

Опозицискиот лидер Зоран Заев апелираше бакните да не ја купуваат новата еврообврзница од 650 милиони евра.

Новото задолжување, претседателот на СДСМ го нарече финансиско злостроство врз младите генерации и ја повика Владата да ја намали сумата.

-Не смееме да го дозволиме бесрамното ново задолжување од 650 милиони евра. Од тие причини јавно апелирам, власта да ја промени одлуката за задолжување од 650 милиони евра, на не повеќе од 250 милиони евра. Овие 250 милиони евра кредити треба да се земат, бидејќи државата ќе банкротира. Но, 650 милиони евра ново задолжување на граѓаните, тоа е недозволиво – изјави Заев.

Тој апелираше до „Сити банка“, до „Дојче банка“ и до сите потенцијални купувачи на еврообврзницата, да не ја купуваат во името на граѓаните и на иднината на Македонија.

Поврзани новости