Генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутјерес вели дека судската одлука за две години затвор за новинарот Томислав Кежаровски и неговото експресно носење на издржување на казната е удар врз слободата на медиумите. Според него, меѓународната организација не е изненадена од судската одлука.
– Сметаме дека никогаш не требало да биде во затвор врз основа на вакви обвиненија. Знаете, било каде во Европа, за истите обвиненија, новинар никогаш не би бил во затвор. За нас е чуден начинот на кој македонското судство се справува со овој случај. Мислиме дека се испраќа порака до сите новинари во Македонија дека не смеат да пишуваат слободно, дека се под контрола и дека ако напишат нешто со кое не се согласуваме, ќе одите во затвор – вели во изјава за 24 Вести, Гутјерес.
Тие веќе го информирале потпретседателот на Европската комисија за случајот.