Гутереш: Време е за мир во Украина, Русија ја прекрши Повелбата на ОН

by Fokus

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на мир и правда на состанокот на Советот за безбедност на ОН по повод втората годишнина од руската инвазија на Украина.

Гутереш му рекол на Советот дека руската агресија врз Украина директно ја прекршила Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право, пренесува Си-Ен-Ен.

„Крајно време е за мир, праведен мир, заснован на Повелбата на Обединетите нации, меѓународното право и резолуциите на Генералното собрание“, најави Гутереш.

Генералниот секретар додаде дека војната во Украина „останува отворена рана во срцето на Европа“ две години по почетокот на војната и 10 години од руската анексија на Крим.

Гутереш рече дека „сите сторители мора да одговараат“ за извештаите за тортура и сексуално насилство врз цивили и затвореници. Тој истакна дека речиси четири милиони Украинци се внатрешно раселени и дека е потребна хуманитарна помош за над 14,5 милиони луѓе во земјата.

Тој, исто така, предупреди на ширење конфликти и „поттикнување регионална нестабилност“.

Поврзани новости