Повеќе од милијарда жени во светот се лишени од правна заштита во случај на семејно насилство. Разликата меѓу приходите на мажите и жените изнесува 23 отсто, а во руралните средини се движи и до 40 отсто. Дури не се ни приметува дека голем број на жени немаат никакви примања, порача генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш по повод Меѓународниот ден на жената.
Гутереш посочува дека дискриминацијата кон жените е широко распространета, дека мажот е се уште суверен во многу култури и дека тоа се случува на пазарот на трудот, во кинематографијата, социјалните мрежи и во сите делови на светот.
Тој нагласи дека инвестирањето во жените е најефикасното средство за економски напредок во општеството и компаниите, и порача дека инклузијата на жените би допринела за полесно склучување на мировни договори и јакнење на економијата во светот.
-Одамна е време мажите да почнат да ги поддржуваат, да ги слушаат жените и да учат од нив – заклучува тој.