Националните климатски цели (НДЦ) не се ни близу до постигнување на она што е дефинирано со Парискиот климатски договор, кој предвидува што е можно повеќе забавување на глобалното затоплување.
– Денешните резултати од Конвенцијата на ОН за климатски промени се црвен аларм за нашата планета, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, а пренесе Дојче веле.
Извештајот се осврнува на националните климатски напори на 75 земји кои веќе ги доставија своите ажурирани „национални климатски цели“.
Земјите опфатени со извештајот се одговорни за околу 30 проценти од светските емисии на гасови со ефект на стаклена градина.
– Плановите на членките на Парискиот договор за борба против климатските промени не ставаат далеку од целта што ја поставивме со Парискиот договор, рече Патрисија Еспиноза, извршна директорка на ОН за климатски промени.
Досегашните напори на земјите покажуваат дека емисијата на штетни гасови може да се намали за само еден процент, што е далеку од целта до 2030 година да се постигне температурата да се зголеми најмногу за 1,5 степен, според договорот на Меѓународниот панел за Климатски промени.