Гутереш: Светот се соочува со пандемија на кршење на човековите права

by Fokus 09:33
09:33

Првиот човек на светската организација, Антонио Гутереш, изјави дека една година по избувнувањето на пандемијата на коронавирусот светот покажа дека се соочува и со пандемија на кршење на човековите права.

-Пандемијата со Ковид-19 ги ​​продлабочи постојните поделби, слабости и нееднаквости и отвори нови прашања, вклучувајќи ги и прашањата за човековите права, напиша Гутереш во авторскиот текст за лондонски „ Гардијан“.

- Advertisements -

Проценувајќи дека коронавирусот се шири затоа што сиромаштијата, дискриминацијата и уништувањето на природната средина создадоа голема слабост во нашите општества, Гутереш посочи дека животот на стотици милиони семејства претрпел големи промени поради загубите на работни места, зголемените долгови и паѓањето на приходите.

Според него, особено погодени се работниците во првите редови на борбата против вирусот, лицата со попреченост, старите лица, жените и малцинствата, додавајќи дека во неколкуте последени месеци напредокот во областа на родовата еднаквост е вратен од пред неколку децении.

Генералниот секретар на ОН во авторскиот текст посочува и дека најголемиот товар на домашните обврски го презеле жените, додека насилството врз нив е зголемено во сите форми, од злоупотреба преку Интернет до семејно насилство, трговија со луѓе, сексуална експлоатација и детски бракови.

Гутереш предупреди дека екстремната сиромаштија е зголемена првпат по неколку децении.

Тој особено укажа на неуспехот да се обезбеди правичност во вакцинацијата против коронавирусот.

-Само 10 земји примија повеќе од 75 проценти од сите произведени вакцини против Ковид-19, додека повеќе од 130 земји немаат примено никаква доза на вакцина, посочи тој за „Гардијан“.

Генералниот секретар на ОН додаде дека коронавирусот ги наруши и политичките и граѓанските права, додавајќи дека, користејќи ја пандемијата како изговор, властите во некои земји воведоа вонредна состојба за да се справат со неистомислениците, да се замолчи независното известување и да се ограничат невладините активности.

-Ковид-19 утврди две основни вистини за човековите права. Прво, кршењето на човековите права им штети на сите, и второ, човековите права се универзални и сите не штитат подеднакво, посочи Гутереш.

Поврзани новости