Гутереш ги повика САД и Иран да ги смират тензиите и да ги продолжат преговорите

by irena 20:59
20:59

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги повика САД и Иран да ги намалат постојните тензии и да се вратат на дипломатски дијалог.

Неговиот портпарол Стефан Дужарик на прес-конференцијата изјави дека шефот на ОН апелира до сите страни да покажат максимална одговорност и да избегнуваат потези што би можеле да доведат до понатамошно влошување на ситуацијата.

„Генералниот секретар ги повикува сите страни да покажат максимална воздржаност, да избегнат каква било понатамошна ескалација и да преземат итни чекори за намалување на тензиите“, рече Дужарик.

Обединетите нации нагласуваат дека продолжувањето на разговорите и дипломатските напори е од клучно значење за спречување на нови конфликти и наоѓање мирно решение.

Слични вести