494
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, предупреди дека човештвото е неприфатливо близу до нуклеарно уништување поради тоа што речиси 14.000 нуклеарни оружја се складирани низ целиот свет.
-Сега е време да го тргнеме облакот од нуклеарен конфликт за добро, да го елиминираме нуклеарното оружје од нашиот свет и да почнеме нова ера на доверба и мир – истакна Гутереш.
Инаку, денеска е Меѓународен ден за целосна елиминација на нуклеарно оружје.