Густата магла го отежна патниот и авиосообраќајот

by Фокус

Маглата во скопската котлина го отежна одвивањето на патниот и авиосообраќајот.

Според Автомото сојузот на Македонија, магла со видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Тетово, Скопје и Катланово, па се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Податоците од ТАВ Македонија, пак, покажуваат дека аа аеродромот „Александар Велики“ во Скопје не се реализирани летовите од и за Истанбул, како и полетувањата за Загреб и Барселона.

 

Поврзани новости