484
Поради густа магла на патот Тетово – Попова Шапка видливоста е до 10 метри, информира ЈП Македонија пат.
Намалена видливост од 30 до 50 метри поради магла има на планинскиот превој Буково и од крак Маврово до Бунец, а видливост до 50 метри има од крак Маврово до Кичево.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и засеци можна е појава на поситни одрони.
Од ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.