Гуштеров: Груевски ми честиташе за „Џонсон Контролс“, па ми објаснуваше дека морал да мисли на коалициските партнери

by Фокус

Бизнисменот Ристо Гуштеров во вечерашното гостување  на телевизија Телма за првпат на јавноста и откри дека тој, во времето кога Бучковски бил премиер, ја договорил инвестицијата на „Џонсон Контролс“ во Македонија, за што му честитал и сегашниот премиер Груевски.

-Тогаш ми честиташе и Груевски, но откако дојде на власт ми се јави на телефон и сакаше да разговараме за инвестицијата. Му реков не може по телефон и отидов во неговиот кабинет. Не во Владата, туку во таа жолта зграда во која беше седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, не сегашната дивоградба. И тој ми рече дека тој имал и коалициски партнери, морал да мисли на нив. На крајот ме праша „Кој е твојот интерес во ова?, рече Гуштеров во вечерашното интервју.

Тој инвестицијата на „Џонсон Контролс“ ја нарече „зародиш на странските инвестиции во Македонија.“

Поврзани новости