Со возило тргнал кон демонстрантите пред домот на Груевски

by Фокус

Возач на автомобил тргнал накај групата луѓе која протестираше пред домот на премиерот Груевски, пишува порталот Кирилица. Инцидентот се случил околу 19 часот кога демонстрантите ја поминувале раскрсницата помеѓу улиците Јордан Мијалков и Павел Шатев. Тогаш на граѓаните кои протестираа за оставка на Груевски, налетало жолто Поло и речиси ќе прегазело дел од нив.

– Изгледаше како намерно да сака да не прегази. Требаше да врти накај надвозникот, а уште му беше црвено на семафорот, а тој, веројатно изнервиран што протестираме за оставка на Груевски, тргна силно накај нас. Голема среќа е што никој не беше повреден – вели еден од демонстрантите кои се нашле на самото место, рекол еден од демонстраните.

Протестот за оставка на премиерот Никола Груевски започна во 18 часот, а демонстрантите носеа транспаренти на кои беа испишани цитати од објавените телефонски разговори на владини фукнционери.

Поврзани новости