Бизнисменот Ристо Гуштеров во вечерашното гостување на телевизија Телма за првпат на јавноста и откри дека тој, во времето кога Бучковски бил премиер, ја договорил инвестицијата на „Џонсон Контролс“ во Македонија, за што му честитал и сегашниот премиер Груевски.
-Тогаш ми честиташе и Груевски, но откако дојде на власт ми се јави на телефон и сакаше да разговараме за инвестицијата. Му реков не може по телефон и отидов во неговиот кабинет. Не во Владата, туку во таа жолта зграда во која беше седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, не сегашната дивоградба. И тој ми рече дека тој имал и коалициски партнери, морал да мисли на нив. На крајот ме праша „Кој е твојот интерес во ова?, рече Гуштеров во вечерашното интервју.
Тој инвестицијата на „Џонсон Контролс“ ја нарече „зародиш на странските инвестиции во Македонија.“