Ѓурчевски: Се казнува несоодветен превоз на нафта

by Fokus

Поранешниот началник во министерството за внатрешни работи, Љубомир Ѓурчевски за ТВ 24  направи споредба на двете несреќи, онаа кај Ласкарци и сегашната, во врска со пропустите во транспортот, исправноста на возилата, способноста на возачот.

„Оваа трагедија е од најголеми размери од европски рамки и одговорите ќе ги насочуваме кон техничките проблеми, преглед, организирањето на превозот, лиценците и се отвараат многу прашања. Тоа не се шпекулации во криминалистиката, туку ги викаме верзии. Увидот може да потрае и повеќе од 24 часа за да се направи целосно пребарување на теренот и да се подигне и најмалата микро трага која може да даде одговор како се случила трагедијата. Со тоа ќе се утврди дали имало трага од нафта, и ќе се утврди дали имало несоодветен превоз на нафта што е недозволиво и најстрого казниво со закон. Тоа ќе се утврди од степенот на изгореност на автобусот“ – вели Ѓурчевски.

Поврзани новости