Ѓулистана Марковска: Ако некој од обвинетите на СЈО се спаси затоа што застарил рокот од 18 месеци, тогаш нема правда

by fokus

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓулистана Марковски, вели дека клучното прашање во преговорите меѓу власта и опозицијата за иднината на СЈО е прашањето околу обвиненијата кои биле поднесени по рокот од 18 месеци.  Според неа нема да има правда ако партиите се договорат за тоа да запре постапката околу овие предмети.

-Воопшто не е проблем да најдат форма како ќе го вметнеме СЈО во системот на обвинителства, проблемот е што со оние обвиненија што до сега се процесуирани како предмети, а се незавршени. Повторно се се сведува на политички пазар и јавноста е разочарана. Не дали тоа обвинителство ќе го задржи персоналниот состав, тоа е небитно. Битно е што со оние за кои плејада луѓе излегоа надвор и рекоа „нема правда нема мир“. Во случајот навистина нема правда. Ако некој не одговара за стореното само заради тоа што застарил рокот, извинете ама јас не верувам во таква правна држава – рече Марковска во вечерашната дебата на ТВ24.

Поврзани новости