Дескоска: Употребата на „бомбите“ е една од клучните разлики во разговорите со ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Претставниците на власта и опозицијата, кои учествуваа на вечерашната средба во Министерството за правда, во врска со Законот за јавно обвинителство, изјавија дека разговорите продолжуваат и оти е оставен простор за консултации. Дополнително ќе биде утврден нов термин за средба.

– Разликите остануваат. Клучните разлики се во статусот на СЈО и во употребата на аудио материјалите.  Се договоривме да се извршат консултации во делот на тоа каде би можело да има придвижување за да најдеме простор за заедничко носење на законот. Така што денеска нема некој посебен напредок со кој може да се пофалиме, изјави по средбата министерката за правда Рената Дескоска-Треневска.

Дескоска се надева дека законот ќе биде донесен пред изборите.

– Работиме на обезбедување мнозинство од 80 пратеници,  рече Дескоска, додавајќи дека се разговара со сите пратенички групи. Соопшти дека денеска имале средба со Беса и Алијанса на Албанците и оти се најдени заеднички точки околу кои може да се движи поддршката за законот.

Поврзани новости