Гучев: Кај нас на Ревматологија имаше финансиска полиција, се испитува лек од веледрогеријата „Пановски“

by Fokus

Финансиската полиција пред неколку недели влегла на скопската Клиника за ревматологија, за да ја испитаат последната набавка на лекот Мабтера, кој наводно е донесен преку паралелен увоз.

Лекот бил набавен од веледрогерија „Пановски“, а финансиската полиција добила дојава од пациент. Според нашите информации, на клиниката биле три инспекторки кои направиле увид во целата документација, проверувале како се чуваат лековите, направиле записник, но и разговарале со директорот на клиниката доктор Филип Гучев.

Првиот човек на клиниката за „Фокус“,  потврди дека пред неколку недели финансиска полиција била кај нив на клиниката, но тврди дека се е во ред.

„Точно е дека финансиска полиција беше на клиниката и ја испитуваа последната набавка на лекот „мабтера“. Инспекторките разговараа и со мене, на секое нивно прашање одговорив. Ние имаме сертификат за квалитетот на лекот, кој е набавен од веледрогерија „Пановски“. Јас побарав од фирмата да се изјаснат за набавката на лекот, но се уште немам добиено ништо повратно од таму. Ги прегледаа сите документи и потврдија дека се е уредно – тврди доктор Гучев.

Од Финансиската полиција велат дека во изминатите денови влегле на неколку клиники за проверки во однос на паралелен увоз на лекови.

Отаму наведуваат дека ќе изнесат дополнителни детали доколку се потврдат соменавањата што се предмет на истрагата.

 

Поврзани новости