Фрчкоски: Она што Грција го бара е промена на насловот на нашиот Устав

by fokus

Професор по Меѓународно јавно право при УКИМ, Љубомир Фрчкоски, тврди дека барањето на Грција за промена на Уставот всушност подразбира промена на насловото на Уставот.  Според прфесорот таквото инсистирање на Грција е неразбирливо, затоа што меѓународниот договор што Владата во Македонија предлага да се склучи како би се решил спорот, е доволна гаранција за Грција.

–Меѓутоа, тоа во овој случај не ја завршува работата, бидејќи Грција од различни причини, кои веројатно за нас не се разбирливи, инсистира и на промена на насловот на Уставот. Значи, не на уставни одредби, туку на насловот. Тогаш сте исправени пред ситуација да процените дали ќе продолжите со разговорите, дали ве интересираат, важни ви се или не – вели Фрчкоски.

И покрај тоа тој смета дека е можно решение на спорот без притоа да бидат загрозени идентитетските прашања и сувереноста на државата.

-Во таа смисла мислам дека ќе одиме кон политичко решение од следниот тип. Во меѓународниот договор ќе се вгради временска клаузула, по мое мислење, која ќе ги задоволи на некој начин и двете страни. Уставот нема веднаш да се менува, но при влез во ЕУ, а тоа е некаде во проценка 2025 година, кога и така Уставот на секоја земја се отвора во делот на меѓународните договори, важење на меѓународни договори, тоа е кај нас член 118, во тој момент кога нашиот Устав ќе биде на маса во тој член веројатно ќе се внесе и новото меѓународно име како „наслов на Уставот“. Треба да биде јасно што се менува. Ништо друго не се менува, ни внатрешни, ни други прописи, закони, туку само насловот на Уставот. Тоа на некој начин е седум години од сега, и во таа смисла на наша страна – не се менува веднаш, а од друга страна таа промена ќе ја задоволи веројатно грчката страна. Мислам дека на таа линија ќе одат со решението и тоа е возможно во овој период и јас сум во таа смисла реален оптимист – изјави Фрчкоски за „МИА“.

Поврзани новости