Фудбалската репрезентација на Грузија се пласирашe на ЕВРО 2024 откако на пенали ја елиминираше Грција совладувајќи ја со 4-2.
По регуларниот тек од плеј-офот, а и по 120 минути, немаше голови на пресметката во Тбилиси.
Селекциите мораа да решаваат преку пенали, а Мамардашвили го одбрани првиот пенал на капитенот на Грција, Анастасиос Бакасетас.
Грузијците возвратија откако Георгес Микаутадзе не го реализира ударот во третата серија, но во четвртата не погоди и Георгиос Јакумакис.
Историскиот пенал за Грузија вреден пласман на Европско првенство го изведе Ника Квеквешкири, успеа да го реализира и почна лудилото во Тбилиси.
Грузијците не ја повторија грешката со Македонија од пред четири години, и сега успеаја да дојдат до пласман на Еврошампионатот.
Селекцијата на Грузија ќе игра во групата „Ф“ на Европското првенство, заедно со Словачка, Португалија и Чешка.