Мариам освои 239 поени, второто место и припадна на Ерменија со 232 поени, а пак третото на Италија, со 209 поени.
Нашата претставничка Мартија Станојковиќ освои 41 поен и се најде на дванаесеттото место, од вкупно 17 натпреварувачи. Таа настапи со песната „Love Will Lead Our Way“ („Љубовта нè води“) чиј комплетен автор е Александар Масевски.
Според коментарите на социјалните мрежи, Грузија сосема оправдано се закити со победа.
Мариам изгледаше и пееше како дете, за разлика од повеќето претставници, кои што и покрај тоа што настапуваа на Детски евросонг, изгледаа како дваесет годишни изведувачи, со премногу шминка и стајлинг кој што не е соодветен за нивната возраст.
Исто така, и повеќето песни добија критики, бидејќи потсетувале на нумери наменети за повозрасна публика, а не на детски песни, за кои што е создадена манифестацијата.