434
Уставниот суд на Грузија ги укина казните на лицата осудени за употреба на канабис, со образложение дека станува збор за „право на личен избор“.
Сепак, одгледувањето и продажбата на оваа супстанција остануваат вон законот.
Судот одлучи дека „казната за конзумација на марихуана е во спротивност со на грузискиот Устав”.
До моментот на донесувањето на решението, казната за користење канабис изнесуваше 170 евра.
Во мај илјадници луѓе со серија концерти протестираа во главниот град на Грузија, Тбилиси, со барање за легализација на марихуаната.