429
Началникот на Петтата управа, Горан Грујевски, ќе остане во притвор во затворот во Шутка, односно одлуката за заменување на мерката притвор со куќен притвор, која денеска ја донесе Кривичниот совет, не е правосилна.
Одбраната и обвинителството сега имаат право да поднесат жалба на оваа одлука до повисокиот Апелационен суд. Додека трае процесот на одлучување на евентуално поднесените жалби, Грујевски останува во притвор во Шутка.