Куќен притвор за началникот Грујевски

by Фокус

Кривичниот совет кој денеска одлучуваше по жалбата за одредената мерка притвор за началникот на Петтата управа, Горан Грујевски, ја прифати жалбата на одбраната, дознаваме од судски извори. Советот ја преиначи мерката привор во куќен притвор. Оваа одлука на Кривичниот совет сè уште не е правосилна.

На оваа одлука на Кривичниот совет, и одбраната, но и Обвинителството имаат право на жалба до повисокиот суд.

Претходно Судот по барање на Специјалното обвинителство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на началникот Горан Грујевски. Тој е првоосомничен во предметот „Тврдина“ и е осмничен дека заедно со поранешната министерка Гордана Јанкулоска уништил два системи за прислушување со цел прикривање кој ги користел.

Поврзани новости