Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше на средба со новиот евроамбасадор во Македонија, Самуел Жбогар.
Како што сооштија од партијата, теми на разговорите биле европската интеграција на државата и актуелната политичка ситуација.
Груевски на средбата посочил дека интерес на ВМРО-ДПМНЕ се фер, кредибилни и демократски избори како единствено решение за „наметната политичка криза”.
-Тој истакна дека во тој процес важна е соработката и конструктивниот пристап на сите субјекти вклучени во изборите, овозможувајќи им на граѓаните исполнување на нивното демократско право на избор. – стои во партиското соопштение.
Соговорниците изразиле подготвеност за продолжување на конструктивната и позитивна соработка и дијалог во насока на исполнување на стратешките цели за членство во ЕУ.