Владата ги продава амбасадите од југословенско наследство

by fokus

Владата ги продава амбасадите во Цирих (Швајцарија) и Канбера (Австралија), стекнати по пат на сукцесија на димпломатско – конзуларниот имот на поранешна СФРЈ, јави НоваТВ.

Информацијата за порталот ја потврдија од Министерството за надворешни работи, а одлуката веќе е објавена и во Службен весник. Зошто се продаваат амбасадите и за што ќе се потрошат парите, нема објаснување.

За амбасадата во Цирих владата бара 3.000.000 швајцарски франци, а почетна цена за амбасадата во главниот австралиски град е 1.100.000 австралиски долари. Во објавата за амбасадата во Канбера пишува дека се продава само објектот, а во Цирих освен амбасадата на продажба се нуди и градежното земјиште.

Инаку, со поделбата на дипломатско-конзуларните претставништва на поранешна СФРЈ во 2006 година на Македонија и припаднаа четири објекти: Амбасадата на поранешната СФРЈ во Канбера, Австралија, Конзуларното одделение при Амбасадата на поранешна СФРЈ во Атина, Грција,  репрезентативен стан во Рим, Италија, како и објектот во Цирих.

Поврзани новости