604
Доколку се оди според правото и законите ова е решен случај кој треба да заврши со ослободителна пресуда, заклучи Никола Груевски по денешното рочиште за случајот „Тенк“.
-Сепак, во јавноста проструеја информации дека постои некаков договор меѓу Заев и судијката Добрила Кацарска со кој било договорено дека таа ќе добие унапредување во Апелациониот суд, а за возврат треба него да го ослободи, а мене да ме прогласи за виновен, рече Груевски.