Зеколи: Би било непринципиелно Албанците да кажат што ми е гајле за името

by fokus 19:26
19:26

Поранешниот амбасадор Арсим Зеколи во вечерашното гостување на Канал 5 се согласи дека на Албанците им е полесно во однос на спорот за името, но дека тие имаат принципиелен став.

-Да полесно им е. Албанците не ја чувстуваат на тој начин како што ја чувствуваат Македонците. Приенципиелна точка е таа дека имаат разбирање. Би било сосема неприенципиено да кажат што ми е гајле, тоа си е ваш проблем. Тоа е еден воопштен принципиелен став кога некому нешто му е битно. Имаме една премочена солидарност од Албанците за името и идентитетот, која не била секогаш реципрочно возвратена од Македонците, рече Зеколи.

Поврзани новости