Груевски: Заев сака да дојде на власт без поддршка од народот

by Фокус

Зоран Заев има цел да дојде на власт без поддршка на мнозинството граѓани на Македонија, изајви денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

– Додека стојам нема да ти го дозволам тоа, ни јас ни народот. И самиот си свесен дека народот сака да заврши кризата, престани да ги организираш хулиганите да го реметат мирот на гражѓаните. Собери еднаш храброст и излези да се соочиш со народот на избори, на фер и демократски избори. Доста бараш изговори – порача Груевски.

Тој додаде дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за општо помилување не е во согласност со неговите заложби и тоа, според него, му помага само на СДСМ.

– Оној што направил криминал треба да одговара. Никој во ВМРО-ДПМНЕ не се чувствува виновен и оттука никој од нас не сакаше да има прекин на постапките за кои Иванов донесе одлука – нагласи лидерот на ДПМНЕ.

Поврзани новости