СЈО: Аболицијата не го амнестира криминално стекнатиот имот

by Фокус

-Ниту едно лице не може да се аболицира ако преку криминалот остварил имотна корист. Едно е тоа што многу лица се аболицирани од кривичната одговорност, но што е со тоа што го украле од државата? Затоа во иднина ќе предложиме мерки против имотите на осомничените, истакна на прес конференцијата обвинителката Ленче Ристовска.

Иако е се уште рано да откријат какви мерки и против кого ке предложат, сепак од СЈО најавуваат силна битка во прогонот против криминалците, пред се оние на власта, кои освен кривични дела се стекнале и со имотна корист.

Јанева на крајот најави дека судот има обврска да носи одлуки за конфискација на имот дури и кога делата се аболицирани. Затоа очекуваат позитивни одговори на нивните барања. Истрагата за „Титаник“ беше најавено дека ќе има проширување.

Поврзани новости