Груевски од протестот во Скопје го обвини лидерот на СДСМ, Заев, дека има намера со неговите пари да ја сруши Владата. Го обвини дека под контрола ги има половина од медиумите и дека уценува со телфонските разговори.
-Уште не се дојдени на власт а не можат да си ги пребројат становите. Ако им се спротивставиш ти се закануваат со објавување на снимени материјали. Куманово го користат за политички пресврт. Тие ли се демократи кои го блокираа парламентот? Што ќе се случи ако оваа гарнитура од насилни ликови дојде на власт? Искрено си кажа Заев дека живи луѓе ќе јадат. Таквите бараат оставка од мене. Сакаат да им ја оставиме Македонија на нив. Оваа сила вечерва, оваа енергија е најдобриот одоговор за нив. СДСМ и Заев не сакаат парламентарна дебата, туку преземање на власта со насилство- рече Груевски.
Тој уште еднаш зборуваше дека Заев соработувал со странски служби на штета на државата, но не откри кои.
-Да играш со странски служби и да станеш нивна марионета е опасна работа. Замислете премиер на власт да донесе странска служба. Сам си кажа дека ги има сите разговори. Колку тој ќе биде независен премиер? Тој нема да биде ништо друго освен премиер- вазал. Нема да биде премиер на граѓаните, туку на други служби. Затоа македонскиот народ нема да го дозволи тоа- зборуваше Груевски.
Премиерот потсети на лидерската средба од пред неколку дека на која наводно сите биле за дијалог, само Заев не.
-Тој срамно кажа дека нема да учествува во дијалог додека се води судски процес за него. Кукавички не одби. Но ние не му ја исполнивме желбата за дополнителен хаос. Нема да му ја исполниме желбата да ја урниса државата и економијата. Пред две недели Евроспката комисија ја објави пролетната прогноза дека оваа и следната година Македонија ќе има највисок економски раст во Европа. Тоа значи многу инвестиции. Кратко по оваа објава во Македонија пристигна терористичка група. За неполни 30 часа македонската полиција целосно ја неутрализираа групата. Со тоа специјалците покажаа професионалност и одговорност. А СДСМ објави дека се било наместено од нас. Шпекулираа нивните медиуми за ситуацијата. Нема цивилни жртви, а материјалната штета ќе ја покрие државата. Затоа ВМРО ДПМНЕ ќе најде начин да го запре овој залет на правење штета врз Македонија: првиот правец го преземаа Јанкуловска, Јанакиевски и Мијалков. Кој иако без каква било вина одлучија да се повлечат- рече Груевски.