Груевски: Не прифаќаме преодна влада!

by Фокус

Отворени сме за разговори со опозицијата за надминување на политичката криза, но нема да дозволиме решение спротивно на волјата на мнозинското население, изразена на последните парламентарни избори, истакна премиерот Никола Груевски.

– Инаку зошто ни се избори? Едноставно, некој ќе набави опрема за прислушување и ќе испорача барање за преодна влада. А, програма, проекти, од што ќе живејат граѓаните? – рече Груевски.

Тој додаде дека политичката криза нема потенцијал да предизвика безбедносна дестаблизација затоа што, според него, граѓаните сакаат мир и просперитет.

– Ова што го прави опозицијата ќе заврши и земјава ќе продолжи напред. Тоа што многу медиуми ги пренесуваат пресовите на Зоран Заев покажува дека имаме слобода и демократија, која треба да се надградува – истакна премиерот.

Груевски уште еднаш го повтори ставот во спорот за името дека нема да прифати промена на уставот и решение без референдум.

Поврзани новости